НАФТАТА СЕ СТАБИЛИЗИРА НАД 38 ДОЛАРИ: Саудиска Арабија ќе ја зголеми продажната цена
Објавено во: Економија 01 Јуни, 2020
Цените на нафтата се стабилни над 38 долари.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 19 центи во однос на претходното затворање на тругавањето, на 38,3 долар. На крајот од минатата седмица го затвори тргувањето во договорите за испораките во авгкуст во позитива од 1,81 долар.
На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 11 центи пониска цена, од 35,38 долари. Пред три дена тргувањето заврши во плус од 1,78 долари.
Ријад во јули планира да ја зголеми продажната цена на лесната нафта за арапските земји за 3,80 долари за барел.
Предвиденото зголемување на цената се движи во рамките од два до три долари за барел па дури и до 5 долари, затоа што рафинериските маржи се намалени во мај, а цената на оманската нафта за Азија, влијае на растот на трошоците на рафинериите за суровини.
Веќе пет седмици расте цената на нафтата.Претходно, имаше период кога беше во негатива.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.