Агенцијата за европски образовни програми се сомнева во злоупотреби и пропусти: Пријавиле дома и во ЕУ
Објавено во: Финансии 19 Јули, 2025 14:32
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку соопштение тврди дека се утврдени сериозни наоди кои укажуваат на пропусти и потенцијални злоупотреби.
Агенцијата согласно своите надлежности, а по споделена информација со Европската комисија, извршила вонредна проверка на исполнувањето на условите за користење на статусот „Erasmus Charter for Higher Education“ (ECHE) од страна на приватна високообразовна институција Меѓународен универзитет во Струга, поради основани сомнежи за евентуални неправилности во примената на принципите и критериумите на Еразмус+ програмата, а овозможени од внатрешно вработени лица во Агенцијата.
„За некои од нив, Европската Унија веќе констатирала “фамилизација” со корисници во делот на високото образование. Дополнително, во координација со релевантните национални тела, времено е одложена евалуацијата во рамки на Евалуационата комисија за високо образование, сè до добивање на официјален став од Европската комисија по однос на акредитацискиот статус на споменатото приватно правно лице, и покрај притисоците од некои вработени, да се продолжи со доделување на средства за предметниот Универзитет од Струга“, велат од Агенцијата.
Додаваат дека за сето она што го нотирале, ја известиле Европската комисија, Јавното обвинителство и останатите надлежни институции дома и во Европската Унија.
„По спроведена контрола и анализа на доставената документација, утврдени се сериозни наоди кои укажуваат на системски пропусти и потенцијални злоупотреби од финансиска и процесна природа, спротивни на ЕУ регулативите и националните закони. Овие дејствија, според првичните наоди, би биле невозможни без внатрешна поддршка од овластени вработени лица во самата Национална агенција. Поради тоа, отворена е внатрешна истрага за евентуална соработка со надворешни корисници од страна на поединци во институцијата. Како резултат на сериозноста на наодите, Националната агенција официјално ја извести Европската комисија, Канцеларијата за борба против измами (OLAF) во Брисел, Делегацијата на ЕУ во Скопје, Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Министерството за образование и наука“, соопштуваат оттаму.
Националната агенција додава дека останува доследна во заложбите за заштита на угледот и интегритетот на европските образовни програми, како и на транспарентно и законито користење на средствата на Европската Унија.
„Во таа насока, сите постапки се водат професионално, непристрасно и во соработка со партнерските институции, како на национално, така и на европско ниво“, велат од НАЕОПМ.
Можеби ќе ве интересира
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани




