НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра
Објавено во: Балкан 22 Април, 2024
Поскапе земјиштето во Војводина во Србија. Хектар земја во Војводина чинеше 5.000, a сега чини 120.000 евра, објави евроњуз Србија. Експертите нагласуваат дека сериозно се намалува кога станува збор за површините, но истовремено се експлоатира и се загрозува неговиот квалитет.
Првите резултати од пописот на земјоделството во 2023 година кои ги објави Републичкиот завод за статистика на Србија, расположливо земјоделско земјиште изнесувало 4.073.703 хектари, искористено земјоделско земјиште е 3.257.100 хектари, додека 122.257 хектари се неискористено земјоделско земјиште.
Агроекономистот Милан Простран за Еуроњуз Србија вели дека расположливото земјоделско земјиште е намалено за 1,2 милиони хектари, или 23,81 отсто, за 11 години.