17 Декември, 2025
0.0337

НАГРАДА: 50.000 евра за „кодошење“ на колегата

Објавено во: Балкан 14 Ноември, 2014 14:58

Добивај вести на Viber

Словенечката Нова Љубљанска банка (НЛБ) воведува стимулација за вработените кои се подготвени да го пријавуваат неправилното работење на нивните колеги во службата на банката. Проектот популарно се нарекува „внатрешна полиција“ и предвидува парични награди од 50.000 евра за „дошепнувачите“. „Награда добива оној кој со своето дошепнување ќе спречи да дојде до поголема штета за банката“, објаснува Рок Прапротник, некогашен член на словенечката владина Антикорупциска комисија. Тој сега раководи со Одделот на банката каде ќе се собираат дојавите и во кој во моментов има 17 вработени. Синдикатот на вработените во НЛБ и дел од банкарите сметаат дека сепак се работи за неетички пристап. „Ова е пракса која е позната во банкарскиот сектор. Секој вработен со закон е обврзан да ги пријави незаконските дејства, без никаква награда за тоа“, вели Франце Архар, долгогодишен банкар. Според Прапротник, пак, наградувањето на дошепнувачите веќе е меѓународна пракса. Во НЛБ секој месец се откриваат по десетина неправилности - дел од нив завршуваат со кривични пријави или отпуштања на вработените. НЛБ е сопственик на македонската Тутунска банка, но нема информации дали ваквата пракса ќе започне да се применува и во останатите земји каде што работи банката.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата