Награда за докторите кои се борат со Ковид: Владата ќе им подели 870 илјади евра
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2020
Владата ќе издвои 54 милиони денари (над 870 илјади евра) за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот, со ребаланост на буџетот кој вчера беше дополнет. Парите, како што соопштија од Владата ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.
„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Предлог ребаланс на буџетот сега е собраниска процедура. Комисиската расправа е завршена и треба да се усвои на собраниска седница. Со него се предвидени пари и за четвртиот сет мерки.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.