Најалармантно во Кочани, Скопје, Струмица, Куманово, Тетово и во Прилеп: Каратинот не е опција засега, но можно е на удар да бидат кафулињата
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2020
Најголем број
активни случаи на Ковид-19 во моментов има во Скопје, 834, во Куманово 182, во
Прилеп 126, Тетово , 150, Струмица 167, и во Кочани 172. Загрижувачка е
состојбата и во Делчево, бидеќи таму има 82 активни на корона вирусот на мал
број жители.
Здравствените власти го утврдуваат начинот на трансмисија на заразата, по што ќе кажат какви рестриктивни мерки ќе применат, но засега, велат, карантинот не е опција.
Единствено што постојано повторуваат е да се почитуваат општите протоколи за заштита, односно носење маска, одржување дистанца и постојана хигиена на рацете.
По состаноците на членовите на Комисијата за заразни болести кои денеска и утре интензивно ќе работат, од понеделник здравствените власти ќе разгледаат што од рестриктивните мерки ќе воведат. Веќе се шпекулира дека можно е целосно затворање на училиштата и градинките, како и намалување на работното време на кафулињата, рестораните и другите угостителски објекти каде што има групирања на голем број луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.