НАЈБАРАНАТА ПРОФЕСИЈА: Во светот недостасуваат шест милиони медицински сестри
Објавено во: Свет, Корона Вирус 07 Април, 2020
Речиси 6 милиони
медицински сестри недостасуваат во моментов кога светот се справува со
пандемијата, предупредува Светската здравствена организација.
-Медицинските сестри се го држат столбот на секој здравствен систем, а сега се во првите редови во борбата против пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом.
Последниот извештај на СЗО, покажува дека вкупниот број на медицински сестри во светот има околу 28 милиони, но сепак 5,9 милиони помалку од потребниот број, се вели во извештајот.
Најмногу сестри недостасуваат во посиромашните земји на Африка, Југоисточна Азија, Блискиот Исток и делови од Јужна Америка.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.