15 Мај, 2024
0.0302

Најбараните професии во Хрватска

Објавено во: Балкан 09 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

И покрај економската криза и зголемувањето на бројот на невработени на хрватскиот портал "MojPosao" објавени се повеќе од 17.000 конкурси за слободни работни места минатата година што е зголемување за 18 отсто во однос на истиот период 2012 година пренесува T-portal. Најголема понуда и побарувачка забележани се во категориите: Продажба – 21 процент од огласите, туризам и угостителство – 16 отсто од огласите, администрација – 7 отсто од огласите. Со оглед на видот на вработувања во 2013 година објавени се вкупно 55 отсто огласи за постојано вработување, што е три проценти повеќе во однос на 2012 година. Исто така, 51 процент од огласите нуделе можност за вработување на одредено. Во 11 проценти од објавените огласи се барале хонорарни соработници, а 4 проценти од огласите се однесувале на студентски вработувања. Во текот на 2013 година работодавачите најмногу барале кандидати со средна стручна спрема, а во 50 отсто од огласите средната стручна спрема била услов за успешно аплицирање на конкурсот. Од друга страна, 56 проценти од оние кои конкурирале во својата онлај биографија како степен на образование ја навеле токму ССС. Во однос на познавањето на странски јазик, работодавачите тоа го барале во 46 проценти од објавените огласи. Во најголемиот број огласи се барало напредно познавање на англиски јазик (58%), а во дополнителни 19 отсто негово основно познавање. Минатата година хрватските работодавачи во поголем број барале поседување на информатички способности, со оглед на тоа дека во третина од огласите како услов било наведено познавањето на работа со компјутер. Работното искуство било услов за вработување кај половина од работодавачите, а во просек се барале две години и десет месеци искуство. Во 2013 година, имало седум проценти повеќе огласи во кои се бара рамноправно учество на лицата со инвалидитет за некое работно место. K.K.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи