18 Декември, 2025
0.0600

„НАЈБЛИСКИТЕ РОДНИНИ НА УБИЕНИТЕ ВО ВЕЛЕС ИМААТ ПРАВО ДА ЈА ТУЖАТ ДРЖАВАТА“: Дескоска откри сличен случај во Италија

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2025 08:49

Добивај вести на Viber

Професорката Рената Дескоска објави пресуда од Европскиот суд за човекови права, според која, жртва на семејно насилство треба да добие обештетување, заради непостапување на Италија, и го потсети семејството на Росица дека може да ја тужи државата.
Во најновиот случај Scuderoni v. Italy (бр. 6045/24) од вчера, Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги прекршила член 3 (забрана за нечовечно или #партнерот била изложена на #психолошки и #физички #притисоци, контроли, #вознемирување и #закани, и дека властите не презеле навремени и соодветни мерки за нејзина заштита.

Судот констатираше дека властите не направиле „проактивна проценка на ризик“ и дека имало значителни одложувања (на пр. осум-девет месеци за судење, два месеца до регистрација на кривичната пријава) што укажува на неадекватен одговор на сериозноста на ситуацијата. Како надоместок, Судот нареди државата да ѝ исплати €15.000 за нематеријална штета и €10.000 за трошоци.

Случајот со двојното убиство и самоубиството во Велес, не смее да се затвори заради тоа што убиецот е мртов. Потребна е целосна истрага за да се утврди одговорноста на оние кои требало да преземат дејствија за заштита, а не го сториле тоа. Тоа е потребно заради задоволување на правдата, но и како поука за постапување во идни слични случаи и превенирање на идолентен однос на државата во случаи на семејно и друго насилство. Не може секогаш вината да се бара во наводните “дупки” во законите. А најблиските роднини на убиените во Велес, имаат право да ја тужат државата за сериозни прекршувања на домашното право и Европската конвенција за човекови права и да бараат надомест на штета.“, напиша таа на Фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија