19 Декември, 2025
0.0415

Најчевска: Иванов во иста ситуација, во однос на два политички субјекти применува различни правила

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2017 09:01

Добивај вести на Viber

Професорката Мирјана Најчевска одлуката на претседателот Иванов да не и го додели мандатот на партијата која е втора по број на освоени гласови на изборите во декември, ја толкува како отворена дискриминација врз основа на политичка припадност.

„Во текот на процедурата за доделување мандат за формирање на влада тој во иста ситуација во однос на два политички субјекти применува различни правила.
Кога го доделуваше мандатот на ДПМНЕ Иванов тргна од фактот дека таа партија има освоено најголем број пратенички места. Независно од тоа што тие пратенички места не значат мнозинство во Собранието, Иванов тргна од претпоставката дека таа партија најлесно ќе може да формира мнозинство во договор со други помали партии.
Логичен след е истоветно да постапи и во ситуација кога првата партија на која и беше доделен мандатот не успеа да обезбеди мнозинство. Тоа значи давање на мандатот по автоматизам на наредната по големина пратеничка структура (во случајов тоа е СДСМ).
Со тоа што бара оваа втора партија однапред да обезбеди доказ дека има мнозинство во Собранието, за да може да и го даде мандатот за формирање влада, Иванов, всушност применил ново правило.
Ова се нарекува дискриминација и за ова Иванов треба да добие импичмент (под итно) и да биде разрешен од функцијата претседател заради грубо кршење на Уставот“, пишува на социјалните мрежи професорката, активистка и експертка по домашно и меѓународно право.

Професорката Најчевска во својот став го цитира Член 9 и Член 87.

Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Член 87
Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот