Најчевска: Уште мислите дека треба Бугарите да влезат во Уставот?
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2023 13:15
Професорката Мирјана Најчевска ги коментира провокативните изјави кои доаѓаат од Бугарија во пресрет на Илинденското востание.
Таа прашува дали луѓето уште мислат дека Бугарите треба да влезат во Уставот.
„Уште мислите дека треба Бугарите да влезат во Уставот како луѓе чии предци се бореле за самостојна и независна Македонија и кои ќе ја градат иднината во која ќе биде промовиран и заштитен посебниот културен и историски идентитет? А она лакејчето на мафијата Османи кое се обидува да ни подметне руска опција како алтернатива на европската доколку не ги ставиме Бугарите во Устав, нека оди малку нека му ги раскажат извештаите за руското влијание во Бугарија (не велам да прочита бидејки тоа би бил преголем интелектуален напор за него и секако ги надминува неговите капацитети). Извинете, ама ЕУ која присилува една држава на ваков чин на понижување има голем вредносен проблем кој мора да биде разрешен. Немој погрешно да ме разберете. ДА за за најголем дел од ЕУ вредностите и НЕ за политикантсвото во ЕУ. И секако НЕ за мафијашката Русија заглибена во калта на историјата од која тешко ќе се извлече“, пишува Најчевска.

Дури и бугарскиот претседател Румен Радев говореше за Илинденското востание и спомна бугарски борбен дух. Во август во Собранието ќе се дискутира за уставните измени.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




