НАЈДЕН Е АВТОМОБИЛОТ, СЕ ЗНАЕ И ПРИЧИНАТА: МВР кажа што се случило со Турчинот кој почина на Клиника
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2025 21:14
СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61), за кој вчера (23.09.2025) околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ беше пријавено дека бил донесен со тешки телесни повреди од страна на едно лице со приватно возило, кое откако го оставило повредениот, заминало со возилото, а повредениот набргу починал.
„Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности, пронајдено е возилото “хонда цивик” и Х.М., кој го донел повредениот во болницата. Извршени се службени разговори и обдукција во Институтот за судска медицина и утврдено е дека починатиот турски државјанин додека работел на објект во изградба во населбата Стопански двор во Скопје, паднал од висина“, велат од МВР.
За настанот е известен Инспекторат за труд и јавен обвинител.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




