Најдена е географска карта од 19 век на која е исцртана „Виа Игнација“
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2021 07:28
Ексклузивно откритие има во прилепскиот архив, каде е пронајдена географска карта од 19 век на која е исцртана „Виа Игнација“.
Првпат во јавноста е откриено исцртување на познатиот римски стопанско-трговски пат „Виа Игнација“ што поминува низ Македонија. Директорката на прилепскиот архив, Елена Чагороска, вели дека станува збор за многу значајна историска карта која има обележја од многу важни историски места и знаменитости. Мапата е османлиски документ, датира од 1883 година. Тогашниот Хусреф бег-паша, заминувајќи од Прилепскиот регион, на месното население му го подарил имотот со ниви, воденици и ан.
„Инаку, патот е граден 146 година од нашата ера. Граден е 44 години, според археолошките истражувања. Во изградбата учествувало месното население. Целта на патот бил да се поврзе Исток со Запад, односно Јадранот до Солун па во Византија, Цариград, денешен Истанбул. А кога се поврзува од Битола преку Прилеп, Велес, Скопје, Куманово, тоа сѐ уште не знаеме. Инаку, како исцртана на мапа, првпат е прикажана „Виа Игнација“. Ова нека биде поттик за натамошни истражувања, зашто имам сознанија, во Радожда, повеќе од еден километар „газиме“ по „Виа Игнација“. Исто и кај Хераклеа еден период беше пронајден дел од патот. Целта со патот е Римското царство да се шири економски, политички и стратешки“, нагласува Чагороска. Географската карта или мапа е многу голем доказ за обележјата во Прилепскиот регион.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




