Најдобрите зделки за училишна опрема во Скопје Сити мол
Објавено во: Мои пари 27 Август, 2016 09:02
Светот на децата што одат во училиште со себе носи безброј обврски, но ќе се согласиме дека училиштето е незаборавен период од животот, во кој децата ќе научат многу нешта за светот и за луѓето и ќе стекнат безброј пријателства, од кои некои ќе траат цел живот.
Деветтолетката е своевиден крај на раното детство, па за многу родители не е лесно одвојувањето од децата, а особено од првачињата. Затоа голем број родители се обидуваат да најдат начин да им го направат училиштето интересно и убаво искуство и на весел и неоптоварен начин да им дадат ветер во крилјата за да уживаат, црпат знаења и да ги развиваат своите потенцијали.
Скопје сити мол ги споделува грижата и настојувањата на родителите да креираат волшебен свет за своите малечки што овој септември тргнуваат на училиште. Во таа насока тој креираше голема училишна промоција „Колку грепки, толку петки“, каде што родителите и децата ќе најдат огромен избор на училишна опрема, прибор, тетратки, ранци, торби, кутии за ужинка, дополнителни реквизити и помошен материјал и фантастичен избор на гардероба што ќе го разубави првиот училиштен ден.
„За убави, позитивни училишни денови, важное да ги охрабриме децата да бидат во добар контакт со другарчињата и со наставниците, да комуницираат пријателски и со почит, да учат посветено и да грабаат знаења и вештини, но дополнителна сигурност ќе имовозможи и навремено подготвената училишна опрема, ранец, тетратки, прибор, можеби и некоја нова маичка со омилените јунаци, нов детаљ што ќе предизвика радост и возбуда и добро и позитивно чувство во новата околина. Ги поканувам сите родители и нивните дечиња да уживаат во сé што им подготвивме за добар старт на училишната година и им посакувам на сите многу петки“ - изјави Дарко Панчевски од Скопје сити мол.
Со секое пазарување над1.000 денари во продавниците што учествуваат во кампањата, потрошувачите ќе можат да ја приложат фискалната сметка на пултот за регистрацијаи да добијат грепка. Секоја грепка е добитна грепка во која се кријат многу подароци и изненадувања; плејстејшн 4, велосипеди, ваучери од книжарница Икона, училишни ранци, несесери и училишни комплети. Децата ќе можат да уживаат во креирањето на својот нов, забавен училиштен живот, да одбираат училишна опрема со омилените бои, ликови и дезени, но и да се забавуваат за време на викендите во еду-корнерите од 12 до 14 и од 19 до 21 часот, кадешто ќе прават научни експерименти и ќе пробаат многу иновативни трикови.
Дополнително, од 1 до 4 септември, сите пресреќни родители што сакаат да го овековечат почетокот на оваа училишна година и да го израдуваат своето прваче креирајќи незаборавен спомен од таа првосептемвриска еуфорија, ќе имаат можност да го посетат фотокорнерот „И јас сум прваче“ создаден токму за нив.
Следејќи ги трендовите и ослушнувајќи ги потребите на родителите и на учениците, Скопје сити мол со училишната промоција „Колку грепки, толку петки“ настојува да го развива добриот однос и да држи чекор со високите очекувања на потрошувачите, обезбедувајќи им ги најдобрите зделки за училишна опрема со кои Скопје сити молќе го напуштаат само среќни и задоволни посетители.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





