25 Април, 2024
0.0883

НАЈДОБРО Е ТОПЛАНАТА СЕВЕР ДА РАБОТИ НА ЧИСТИОТ ЕНЕРГЕНС ПРИРОДЕН ГАС, МАЗУТОТ Е ГОЛЕМ ЗАГАДУВАЧ - Бектеши дава две опции

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Државата може да ја преземе одговорноста за работењето и на Топланата Скопје Север, преку државната ЕСМ. 

Ова во интервју за ТВ Телма на некој начин го најави министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Тој ја презентираше една од можностите кои власта и ги понудила на Топланата Север, а таа е државата да ја преземе одговорноста во делот на нејзината работа, што е можно да се направи во кризна состојба.

На тој начин ќе се обезбеди топланата Север да работи на природен гас, што е еколошки чист енергенс, наместо на мазутот, кој е познат како голем загадувач на животната средина. 

„Наша цел е топланите Исток и Запад да работат да природен гас, со цел да ја заштитиме животната средина во Скопје, но согласно закон тие се обврзани, во случајов ЕСМ е обврзан да има и алтернативно гориво доколку се случи нешто во снабдувањето со природен гас, потенцира министерот за економија Крешник Бектеши во интервјуто. 

А всушност, според него, оваа опција е многу подобро да се обезбеди и за топланата Север, односно и таа да работи на природен гас. Бектеши објасни дека Топланата Север всушност е во сопственост на приватна компанија, односно Топлификација АД, со која всушност, како што и е познато на јавноста, управува стечаен управник. 

Од тие причини, власта и понудила две опции на Топланата Север. 

„Во делот на „Скопје-Север“, таму имаме приватна компанија, која е сопственик на топланата. Тоа е Топлификација А.Д. и ние сме им понудиле, како што направивме со Адора и претходно со БЕГ, две решенија – и договор за закуп, и ние преку ЕСМ да ја преземеме одговорноста во делот на работата, посебно во кризна состојба“, нагласи Бектеши.

Инаку, сите овие размислувања во делот на Топланата Север се појавуваат поради фактот што таа топлана веќе почна да користи дизел во своето работење, иако засега тоа се прави првенствено за проверка на постројките.

Како што веќе и е познато на јавноста, мазутот е многу штетен енергенс, бидејќи е познат како голем загадувач на животната средина, па од тие причини и многу европски земји го имаат исфрлено од употреба. 

Инаку, во својата вчерашна изјава за Фактор, директорот на Топланата Скопје Север, Куштрим Рамадани, потврди дека таа топлана користи комбинирано и гас и мазут, иако тој нагласи дека мазутот првенствено се употребува за проверка на постројките, за во случај топланата да не може да обезбеди гас за своето работење. Според него, проверките мора да се направат, бидејќи топланата одамна го нема користено мазутот како енергенс.

 „Користиме гас и мазут. Мазутот првенствено за проверка на постројките на мазутниот дел, за во случај да нема гас, бидејќи одамна не е работено со мазут“, објаснува Рамадани во изјава за Фактор.

Тој објасни дека Топланата Скопје Север веќе има ангажирано фирма која ќе ги врши мерењата на емисиите на штетни материи во воздухот, како што се бара со Б интегрираната еколошка дозвола која ја има добиено оваа топлана. Резултатите од мерењата се очекуваат до крајот на оваа недела.

 „Имаме фирма која ќе ги врши мерењата и некаде до крајот на неделата треба да имаме резултати, што зависи од тоа колку време ќе им треба да ги обработат“, објаснува Рамадани за Фактор.

Според еколошката дозвола која ја има Топланата Скопје Север, доколку таа го користи мазутот за загревање, топланата е прецизно обврзана да ги мери емисиите во воздухот, и што е уште побитно, да не ги надмине границите на емисиите кои се наведени во дозволата во соодветниот временски период.

Инаку, според Рамадани, загадувањето што би го предизвикла топланата Скопје Север е далеку помало и незначително во однос на загадувањето што го предизвикуваат дивите депонии и нетретираниот отпад.

„Граѓаните ќе ги заштитиме од загадување првенствено ако ги затвориме дивите депонии и доколку го третираме отпадот како што треба. Топланата Скопје Север е незабележителна во однос на тие загадувачи“, потенцира Рамадани.

Во прилог на своето тврдење директорот Рамадани прашува и „кој ги гледа дивите депонии во државава, но и гумите што се горат по домаќинствата, кои многу подраматично влијаат врз аерозагадувањето.

„Ајде кога ќе работиме на гас да направиме мерења на загадувањето на воздухот, и баш да видиме колкава разлика прави топланата Скопје Север“, потенцира Рамадани во изјавата за Фактор, додавајќи дека во државава има диви депонии кои горат по 24 часа, гуми, дрва, а има и многу поголеми загадувачи на воздухот.

Фактор се интересираше и во Државниот инспекторат за труд, за тоа кога и како е издадена дозволата на топланата Скопје Север и како ќе се мери загаденоста на воздухот, но и дали ќе се преземаат мерки доколку се надминат дозволенте граници на емисии во воздухот.

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека Топланата Север има Б ИСКЗ (интегрирано спречување и контрола на загадување) Дозвола, и дека таму надзор врши Секторот Инспекторат на Град Скопје.

Се обративме и до посочениот контакт од Инспекторатот на Град Скопје, од каде исто така ни потврдија дека Топлана Север има добиено Б интегрирана еколошка дозвола, но дека повеќе детали околу нашето интересирање ќе добиеме во текот на денешниот ден. Штом Фактор добие одговори, нив ќе ги објавиме во целост.

Министерот за економија Бектеши, пак, претходно изјави, а и сега го држи тој став, дека за Владата е приоритет да не се доведеме во ситуација да користиме алтернативно гориво за топланите Исток и за Запад, а ако Скопје Север работи со мазут или со дизел, тоа треба да биде согласно со процедурите, за што има надлежни институции.

Инаку, Бектеши вчера објави дека топланите Исток и Запад, доколку државата обезбеди непречено снабдување со природен гас, тие до крајот на сезонава да работат само на тој енергенс, и да не се вклучува дизел или мазут како алтернативно гориво.  

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ