НАЈДОЛГО СЕ ПРЕСТОЈУВА ВО ПРИВАТНИ СОБИ, КАЈ ХОТЕЛИТЕ ОМИЛЕНИ СЕ ОНИЕ СО ЧЕТИРИ ЅВЕЗДИ – туристите се враќаат, ќе успееме ла да привлечеме повеќе
Објавено во: Економија 15 Јули, 2024
Бројот на туристи речиси се дуплирал за период од десет години, покажува анализата на Државниот завод за статистика. Од 701.794 туристи во 2013 година, нивниот број достигнал 1.168.730 посетители. Иако бројките на туристи во другите земји растат уште повеќе, сепак, растот воопшто не е за потценување, имаќи предвид дека Македонија сепак не е земја која излегува на море. Дополнително голема кочница за туристичкиот сектор беше пандемијата со Ковид, кога се затвораа граници, се апелираше на изолации, но по силниот удар на рестирктивните мерки, бројот на тристи повторно почна да расте.
Бројките говорат дека имаме поголем раст на странските труристи, отколку кај домашните. Па така ако во 2013 година имало 302 илјади домашни туристи, нивниот број пораснал на 434 илјади во 2023 година. Од друга страна странските турсти се повеќе од дуплирани. Во 2013 имало 399 илјади странски посетители, додека во 2023 година нивниот број достигнал 734.139 гости.
- Бројот на туристите во 2023 година изнесува 1.168.730, од кои 37,2 отсто се домашни туристи, а 62,8 проценти се странски туристи. Во споредба со претходната година, се забележува зголемување на странските туристи за 36,6 отсто.
Бројот на ноќевањата во 2023 година изнесува 3.135.767, од кои 55,1 процент се од домашните туристи, а 44,9 отсто од странските туристи. Во споредба со претходната година, бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,9 проценти – посочуваат статистичарите.
Податоците покажуваат дека гостите во Македонија имаат различни барања и за одмор користат како хотелско сместување, така и сместување во индивидувални домови, поточно во куќи или станови за одмор. Имено, во хотелите во Македонија престојувале 917.260 туристи, кои лани оствариле 1.788.552 ноќевања. Кога се хотелите во прашања, најпосетени биле оние со четири ѕвезди, каде што имало над 440 илјади посетите, кои оствариле 880.960 ноќевања.
Убедливо најдолги ноќевања се остварени во куќите и апартманите за сместување, каде биле реализрани 1.073.768 ноќевања, а нив ги оствариле 175.679 посетители.
Најбројни се гостите од Труција, по што следуваат туристите од соседна Србија, па Грција, Германија, Полска, Бугарија, Холандија, Хрватска...
П.О.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.