16 Јануари, 2025
0.0452

НАЈЕВТИНИ ЛЕЖАЛКИ И ЧАДОР НА НАЈУБАВИТЕ ГРЧКИ ПЛАЖИ: Кои се грчките острови каде можете да уживате само за 5 до 10 евра

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Тасос е еден од најубавите грчки острови, а цените варираат од плажа до плажа. Најевтината понуда е на плажата Алики каде за пет евра можете да користите комплет лежалки.

Тасос е еден од најпосетуваните острови во Грција долги години поради неколку причини. Туристите ги привлекуваат големиот број плажи, рајски заливи, села со калдрма, лековити извори и манастири. Што се однесува до цените на самите плажи, тие варираат од место до место.

„На Marble Beach цената по лице е 15 евра и во цената е вклучен пијалок (кафе или сок). На плажата Псила Амос комплет лежалки чини 10 евра. На плажата Пахис има неколку барови, а во некои од нив можете да користите лежалки со пијалок.

На плажата Росо Гремос цената за гости надвор од хотелот е 20 евра за комплет. Во барот на плажата Ла Скала цените се движат од 10 до 50 евра за комплет. На плажата Алика комплет лежалки е пет евра.

Во Јонското Море пак, еден од најубавите острови Лефкада, е привлечна дестинација за милиони туристи. Цените на лежалките, исто така варираат.

Во изјава за Фактор, македонските туристи кои во моментов летуваат таму, велат дека цената за комплет лежалки со чадор на најатрактивната плажа, Катизма изнесува 10 евра.

-Изминатите денови посетивме неколку плажи. Најскапо е на Милос. Навистина е морето е проѕирно-тиркзно, песокот е бел, но комплет лежали со чадор чини 30 евра. Тоа за нас, како студенти е прескапо. Можеби некој може да си дозволи, но за 8 дена, само 240 евра да се издвојат за лежалки е премногу. Тоа е повеќе од целиот аражман што го имаме платено. За разлика од Милос, цената на комплет лежалки на Катизма е 10 евра. Тоа е една од најубавите плажи на островот. Преполна е со барови и ресторани. Журките се прават и денски околку базените. Вреди да се биде тука, особено што на оваа плажа може да се остане најдолго, бидејќи сонцето буквално заоѓа во морето, велат соговорниците на Фактор, кои во моментов се токму на Катизма.

Што се однесува до цените во рестораните, кафулињата, локалните продавници, нашите сограѓани посочуваат дека кафе фрапе може да се најде по цена од 3 до 5 евра.

-Пивото е од 5 евра па нагоре. Порција лигњи е 10-тина евра, популарното гиро на некои места 3,50, некаде 4 евра...Цените се навистина човек да може се да си дозволи за да се почувствува вистински на одмор. Тука е поевтино од популарниот Халкидики, велат тие.

ФОТО: Фактор

А. Б.


Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села