19 Февруари, 2025
0.0319

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Главен фокус на дискусијата беа можностите за имплементација на проекти за енергетска ефикасност, како и потребата од унапредување на енергетската инфраструктура во општината со цел обезбедување енергетска стабилност и одржлив развој на локалните заедници.

Македонска Каменица, како рударски регион со значителен енергетски потенцијал, беше истакната како пример за локален развој кој може да придонесе кон националните енергетски цели.

Општините се клучен партнер во напорите за одржлива енергетска трансформација, потенцирашеминистерката Божиновска. За исполнување на националните приоритети потребно е преку заеднички проекти и поддршка да ги модернизираме локалните енергетски системи и да создадеме нови можности за развој на рударството во согласност со највисоките еколошки стандарди,

Градоначалникот Атанасовски ја истакна потребата од продолжување на инвестициските активности за подобрување на инфраструктурата во Македонска Каменица за да се обезбеди подобар квалитет на живот за граѓаните и посилен економски развој на регионот, потенцираше Атанасовски.

Министерството за енергетика останува посветено на развојот на локалните заедници преку инклузивен пристап и проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

„Костал“ е првата компанија која ќе плати корпоративен данок во Македонија

„Костал“ е првата компанија која ќе плати корпоративен данок во Македонија

КОМПАНИЈАТА НА КУРЦ СТАНУВА „ЕДНОРОГ“ ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Генерира импресивни 130 милиони долари приход за само една година

КОМПАНИЈАТА НА КУРЦ СТАНУВА „ЕДНОРОГ“ ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Генерира импресивни 130 милиони долари приход за само една година

Трговците повторно бараат итна средба: Загрижени сме од донесените мерки на Владата

Трговците повторно бараат итна средба: Загрижени сме од донесените мерки на Владата

Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа - Ќафасан

Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа - Ќафасан

ИСКУСНИОТ МЕНАЏЕР ГОРАН МАРКОВСКИ ДОАЃА НА ЧЕЛО НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - Таневски и официјално веќе нема ништо со компанијата со која долги години управуваше

ИСКУСНИОТ МЕНАЏЕР ГОРАН МАРКОВСКИ ДОАЃА НА ЧЕЛО НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - Таневски и официјално веќе нема ништо со компанијата со која долги години управуваше

Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање

Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање

ПОЧНА ПАТУВАЊЕТО НА НОВИОТ ГАСОВОД МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: Еве што пишуваат грчките медиуми

ПОЧНА ПАТУВАЊЕТО НА НОВИОТ ГАСОВОД МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: Еве што пишуваат грчките медиуми

„ФЕРШПЕД“ ГО ПРОДОЛЖУВА КОРИСТЕЊЕТО НА БАНКАРСКИ КРЕДИТ ОД 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЀ ДО 2036 ГОДИНА - еве каков имот е ставен под залог

„ФЕРШПЕД“ ГО ПРОДОЛЖУВА КОРИСТЕЊЕТО НА БАНКАРСКИ КРЕДИТ ОД 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА СЀ ДО 2036 ГОДИНА - еве каков имот е ставен под залог

ВО ТЕКСТИЛОТ ДОМИНИРААТ ЖЕНИТЕ: Зошто ретко среќаваме мажи шивачи?

ВО ТЕКСТИЛОТ ДОМИНИРААТ ЖЕНИТЕ: Зошто ретко среќаваме мажи шивачи?