Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2025
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска при посетата на општината Илинден,одговарајќи на новинарско прашање,потврди дека со новите услови, компаниите-баратели на средства од унгарскиот кредит од 250 милиони евра нема да мора да инвестираат во производни капацитети.
Премиерот потврди дека со кредитната линија за која ќе се аплицира преку деловните банки ќе може операторите да градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на електрична енергија.
- Тоа е затоа што правиме анализа, 250 милиони евра е побарувањето на економските оператори да земат заем. Кога ќе ги ограничите можностите, ќе ги ограничите економските оператори и така може да се земат само 120 милиони евра и останатите да останат неискористени.
И од тие причини, сакаме да го прошириме на се она што ќе има позитивен импакт на БДП-то во македонската економија. Сега е се дефинирано, завршено е, договорот е готов. Во вторник на владина седница тоа ќе помине и се надевам дека до крајот на месецот ќе биде се завршено и ќе се потпише со банките. Ги повикувам економските оператори да подготват проекти и да аплицираат, речеМицкоски.
Делот од унгарскиот кредит од 250 милиони евра ќе се враќа со камата од 3,25 отсто, која ќе ја плаќаат граѓаните, додека компаниите кои ќе аплицираат за заемите ќе плаќаат само банкарска провизија од 1,95 проценти.
Можеби ќе ве интересира
Енергетската транзиција во фокусот, поддршка за реформите – Средба на министерката Божиновска со претставници на ММФ

ЦЕНАТА ЌЕ БИДЕ НАД 3.000 ДОЛАРИ ЗА УНЦА: Дали сега е вистинско време да инвестирате во злато?

„Костал“ е првата компанија која ќе плати корпоративен данок во Македонија

КОМПАНИЈАТА НА КУРЦ СТАНУВА „ЕДНОРОГ“ ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Генерира импресивни 130 милиони долари приход за само една година

Трговците повторно бараат итна средба: Загрижени сме од донесените мерки на Владата

Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа - Ќафасан

ИСКУСНИОТ МЕНАЏЕР ГОРАН МАРКОВСКИ ДОАЃА НА ЧЕЛО НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - Таневски и официјално веќе нема ништо со компанијата со која долги години управуваше
Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање

ПОЧНА ПАТУВАЊЕТО НА НОВИОТ ГАСОВОД МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: Еве што пишуваат грчките медиуми
