05 Декември, 2025
0.0353

Најголемата премија во земјата чека нов сопственик – ЛОТО 7 носи близу милион евра премија

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2025 11:05

Добивај вести на Viber

Над 58.000.000 денари – речиси 1.000.000 евра – чекаат нов сопственик во играта ЛОТО 7 на Државна лотарија. Тоа не е само бројка, туку најголемата премија во моментот понудена во игрите на среќа во Македонија. Секоја комбинација од само 30 денари може да биде можност за нов живот, за нова приказна, за нова реалност.

Државна лотарија започна со приредување на игрите на 23 април 2010 година. Првото коло на Ново Лото 7/34 се реализираше на 5 мај истата година, а првата седумка беше постигната на 5 септември 2011 година – вредна 21.173.081 денари, уплатена во „Студио Гина“ во Битола. Од тогаш, па до денес, постигнати се 28 седумки, низ целата земја: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица, Кавадарци, Кочани и Охрид.

Во 2019 година, играта доби ново име – ЛОТО 7 – но магијата остана иста. Единаесет добитници освоија гарантирани 6.000.000 денари, а еден – симболични 7.777.777 денари. Вистинските легенди се оние што ја надминаа гарантираната вредност, како добитникот од Охрид, кој на 10 август 2024 година, во 64-то коло на Канал 5 ТВ, освои неверојатни 109.012.304,50 денари, уплатувајќи ги своите броеви во „ВЛАДИЈА 2011“ Охрид.

Од тој момент, фондот за 7-ка во ЛОТО 7 постојано расте. Секоја недела, секое коло, сè повеќе луѓе веруваат во своите среќни броеви, надевајќи се дека токму нивната комбинација ќе биде следната што ќе го промени животот.

Нечии 30 денари, колку што чини една лото-комбинација, може да станат влог во комплетна промена на животот. Затоа не заборавајте да ги уплатите вашите среќни броеви и да ја искористите можноста од само 30 денари да дојдете до најголемата премија вредна близу 1.000.000 евра и да станете најголемиот лото-милионер во нашата земја.

Уплати, играј, верувај – и дозволи среќата да те изненади.

Среќата е насекаде со Државна лотарија!

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници