Најголмиот извозник на ориз – Тајланд
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2014 18:31
Тајландското Здружение на извозници на ориз соопшти дека таа земја ја врати позицијата на водејќи светски извозник на ориз.
Тајланд се врати иако во 2013 година беше зад Индија и Виетнам после неуспешните политики на субвенции и складирања.
Повикувајќи се на зборовите на претседателот на тоа здружение, Чароен Лаотаматас, информативниот портал на државната Организација за масовна комуникација на Тајланд пренесе дека таа земја од јануари до 20 мај оваа година има извезено 3,93 милиони тони на ориз.
Како што е наведено, Индија во истиот период има извезено 3,74 милиони тони, додека Виетнам 2,4 милиони тони. Поранешната тајландска влада, која беше симната од власт минатиот месец, спроведе програма за купување на ориз од произведувачите по високи пазарни цени.
Како најголем извозник на ориз, Тајланд се надеваше дека ќе го контролира пзарот и ќе постигне раст на цените, а во меѓувреме Индија и Виетнам го зголемија извозот на ориз.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




