05 Декември, 2025
0.0367

ЕНЕРГЕТИКА: Најмалку 160 милиони евра тежеше ланскиот увоз на струја!

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2012 08:45

Добивај вести на Viber

Само за една година увозот на струја порасна за фантастични 88% од 1420 гигават/часови во 2010 година, на 2676 гигават/часови лани. Податоците кои ги обелодени Државниот завод за статистика ја покажуваат очајната енергетска слика на Македонија, во која увозот на енергија добива се поголеми димензии. Катерина Попоска Домашното дефицитарно производство на електрична енергија лани мораше да се задоволи со увоз на 2676 гигават/часови струја. Но, само една година пред тоа, увозот на струја беше речиси двојно помал. Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година вкупната потрошувачка на струја во Македонија достигна 9552 мегават/часови, што е за 10% повеќе во споредба со бруто-домашната потрошувачка на струја во 2010 година, од 8677 гигават/часови. Вкупната потрошувачка на струја ја креираат и индустријата и домаќинствата. Анализата на најновиот биланс на електрична енергија за 2011 година покажува дека 72% од потребите за струја лани се обезбедени од домашно производство, а 28% од увоз. Државните термоцентрали лани произведоа 5442 гигават/часови струја, што е само 13% поголемо производство во споредба со 2010 година. Хидроцентралите пак, лани произведоа 1433 гигават/часови струја, иако во 2010 година нивното производство достигна 2429 гигават/часови струја. Незначителен 1 гигават/час електрична енергија лани придонесоа сончевите централи во вкупното производство на струја во земјава. Ставката за извоз на струја пак, е празна. Најголем увоз на струја е направен во септември, ноември и декември лани, од 283 гигават/часови струја (GWh), 325 GWh и 311 GWh. Инаку, вкупниот увоз на струја од 2676 гигават/часов лани чинел најмалку 160 милиони евра, ако, како просечна се земе цената од 60 евра за мегават час, иако оваа цена многу често варираше нагоре одошто надолу. Според статистичките податоци, најголеми потрошувачи на електрична енергија лани беа домаќинствата со 35%, додека индустриските сектори (енергетски сектор, заедно со индустријата) со 28.3%, додека останатите сектори со 17.2% Загубите во пренос и дистрибуција пак, лани изнесуваа 14,5% од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Дури 40% од потребната струја во септември дојде од увоз! Немоќта на државните Електрани да произведат повеќе електрична енергија наложи во септември годинава дури 39,5% од вкупните потреби од овој енергенс во Македонија да се задоволат од увоз. Според податоците од државниот електропреносен систем оператор МЕПСО, во септември термоелектраните во земјава покрија 54,5% од потребите за струја, додека хидроцентралите произведоа струја задоволувајќи само 6,3% од потребите. Во првите првите три квартали од годинава пак, државните термоцентрали задоволија 56,6% од потребите за струја, а хидроцентралите само 10,2%. Независните производители продале струја од 4,3% во септември, со што недостигот од 30% за целосно да се задоволат потребите од електрична енергија во Македонија мораа да се увезат. Отсуството на апсолутни бројки за произведената и увезената количина на струја во овој период од годината не дозволува да се пресмета колкав одлив на девизи значи увозот на струја во првите девет месеци од 2012 година. Последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика наложи Евн Македонија од септември да увезува сама струја за потребите на домаќинставата, нешто што до сега го правеше државната ЕЛЕМ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“