Најмалку 300 милиони евра ќе ја чини Грција затворањето на ЕРТ
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2013
Најмалку 300 милиони евра ќе ја чини Грција затворањето на ЕРТ, проценуваат вработените во јавниот радиодифузер.
Сметајќи го надоместокот и трошоците за откажување на договори и други услуги, персоналот тврди дека загубите ќе се искачат на половина милијарда евра, без да дадат подетални објаснувања.
„Надоместокот за 2.650 вработени, откажувањето на договорите за продукција на програми и трошоците за сите видови надоместоци - сите се префрлени на државна сметка и во буџетот кој има голем дефицит“ изјави претставник на вработените во ЕРТ.