Најмалку пет европски земји ги враќаат рестрикциите
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Септември, 2020
Повеќе европски земји ги враќаат рестрикциите со цел да се спречи ширење на коронавирусот.
Во Италија, Сицилија објави дека сите странски патници мора да се тестираат при доаѓање и да се јават на лекар. Од среда ќе биде задолжително носење маска во јавност за лица постари од шест години. Мерката ќе важи најмалку до 30 октомври.
Во Холандија мерките вклучуваат задолжително носење маска во Амстердам и другите големи градови, забрана за публика на спортски натпревари во следните три недели, затворање на рестораните и баровите во 22 часот. Премиерот Марк Руте изјави дека ќе се ограничат и патувањата. Тој ги повика работодавачите што е можно повеќе да ја организираат работата од дома.
Словачка го забрани одржувањето на поголем број културни и спортски натпревари. Луѓето треба што е можно повеќе да носат заштитни маски, да ги избегнуваат семејните собири и да одржуваат физичка дистанца.
Велика Британија воведе нови ограничувања во делови од североисточна Англија по зголемениот број на случаи со коронавирус. Од среда на жителите на седум подрачја, вклучително и урбаните центри како Њукасл, Сандерленд и Дурам ќе им биде забрането собирање во домовите и дружење со лица кои не се дел од домаќинството. Рестрикции се воведуваат во домовите, пабовите и рестораните, а луѓето кои не ги почитуваат новите мерки се соочуваат со можноста да бидат парично казнети, објави Министерството за здравство.
Во Шпанија околу 1,1 милион жители на Мадрид и околината смеат да ја напушти својата населба само поради нужност, како на пример одењето на работа. Оваа доаѓа откако вчера се проширени мерките за сузбирање на Ковид-19 во дополнителни делови од градот. Од вчера наутро новите мерки важат за дополнителни 167.000 жители.
Жителите од овие населени места смеат да излегуваат само за да одат на работа, во болница, на училиште, на суд или за да се грижат за трето лице. Влезот без сериозна причина исто така е забранет. При неоправдано излегување или влегување во некое населено место предвидени се казни од 600 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.