Најмладата жртва на короната има 22 години
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Декември, 2020
Короната однесе уште еден млад живот.
Од коронавирусот почина и 22 годишен пациент од Скопје во последните 24 часа.
Од вирусот починаа и млади луѓе, а вчера најмладиот починат имаше 28 години.
Во Македонија има над 21.000 активни случаи на коронавирусот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 70.883, бројката на оздравени пациенти е 47.364, на починати е 2.051, а бројот на активни случаи изнесува 21.468, објави денеска Министерството за здравство.
Во Скопје активни се 11.042, во Куманово 645, Прилеп 920, Тетово 998, Велес 668, Битола 889, Охрид 560, а Кавадарци 566.
Гостивар има 883 активни случаи, Струмица 556, Кочани 244, Свети Николе 200, Неготино 360 и 132 во Крива Паланка.
Пехчево има 20, Кратово 27, а Крушево 74 активни. Демир Хисар има 53, а исто толку има и во Валандово.
За 24 часа има 28 починати од коронавирусот, повеќето повозрасни граѓани.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.