НАЈМЛАДИ ПАЦИЕНТИ НА РЕСПИРАТОР: Во ГОБ „8 Септември“ 30-годишни пациенти се борат со Ковид
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020 13:57
Во ГОБ „8 Септември“ денеска се примени седум нови пациенти заразени со корона вирусот во многу тешка состојба. Директорот на овој Ковид-центар, д-р. Христијан Костов за Фактор информира дека од вкупниот број, 93 хоспитализирани во болницата, повеќе од 80 се на кислородна поддршка.
-Сите пациенти во оваа здравствена установа се со тешки пневмонии, сериозна клиничка слика. Забележителен е бројот на се повеќе млади пациенти. Имаме двајца кои мораат да бидат ставени на респираторни апарати, бидејќи на прием имаа сатурација 30. Станува збор за пациенти кои се навистина млади. Едниот е 35-годишен, а другиот 36-годишен. И двајцата имаат прекумерна тежина, односно обеситас. Примени се во болницата на 11. односно на 14. јули. Пред три дена е хоспитализиран и пациент кој има само 25 години со Даунов синдром. Состојбата му беше навистина лоша, сега е подобар, изјави д-р. Костов.
Истовремено, директорот соопшти дека денеска имаат еден смртен случај. Во ГОБ „8 Септември“ утринава починал пациент кој ја изгубил борбата со корона вирусот.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




