22 Ноември, 2024
0.0316

НАЈМНОГУ ЈАДЕМЕ ЛЕБ, КОМПИРИ, ПИПЕРКИ, ДОМАТИ, СУВОМЕСНИ ПРОИЗВОДИ: Нутриционист советува кои навики треба да ги промениме

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Леб, компири, пиперки, домати, јаболка. Ова се најчестите производи кои се присутни на македонските трпези. Македонците пијат и големи количини кафе.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај нас домаќинствата најмногу консумираат леб – 255,6 килограми во просек годишно, потоа компир – 92,2 килограми и јужно овошје – 86,7 килограми, додека од месо најмногу јадат живина – 53,4 килограми, потоа преработки од месо – 50,2 килограми, понатаму следи свинско – 35,1 килограм и говедско, телешко и јунешко – 23,8 килограми. Свежа и замрзната риба – 24 килограми, а преработки од риба – 3,1 килограм. Од овошје, освен јужно овошје, граѓаните најмногу јаделе јаболка – 45,5 килограми и бостан – 41,5 килограми,  а најмалку  јаделе цреши и вишни – 2,5 килограми и круши – 3 килограми. Од зеленчук, освен компир, луѓето најмногу јаделе пипер – 67,6 килограми и домати – 44,8 килограми, а најмалку грашок и боранија – 2 килограми. Кај млечните производи, домаќинствата најмногу пиеле млеко – 110,9 литри, потоа кисело млеко и јогурт – 88,6, а сирења 47,6 килограми и други млечни производи – 12,1 килограм. Oва се податоци за 2021 година. 

Нутриционистот Диана Шалевска објаснува дека граѓаните треба да посветат поголемо внимание на здравата храна, затоа што на тој начин го чуваат и своето здравје.

„Неправилниот  животен стил, детерминиран од начинот на исхрана, физичката неактивност и други фактори придонесуваат за епидемија на зголемена телесна тежина, која пак е голем ризик фактор за многу заболувања кај нас и во светот. Секако дека за тоа што ќе јадеме и колку, зависи од индивидуата, меѓутоа  големо влијание има и средината во која живееме. Снабдувањето со храна е изменето во последните години. Во моментот е многу лесно достапна висококалоричната и нездрава храна со мала нутритивна вредност, која пак за нашата популација изгледа попривлечно и повкусно. Зголемена е достапноста на храна со додадени масти, масла, млеко, млечни производи, храна богата со конзерванси, сувомеснати производи и храна со концентрирани шеќери. И покрај ова доколку свеста би била на повисоко ниво би го направиле правилниот избор. Затоа треба да се работи на подигнување на свесноста на популацијата за важноста на исхраната, физичката активност и целосно подобрување на животниот стил“, вели нутриционистот.

Бројките покажуваат дека домаќинствата во просек испиле 226 литри безалкохолни пијалаци и 50,9 литри алкохолни. Изеле и 29,5 килограми чоколади и кекс и испиле 10,2 килограми кафе и какао.

„Од моето досегашно искуство, можам да кажам дека сме популација која не практикува здрав начин на исхрана. Истото можеме да го видиме и во горенаведените податоци се консумира многу повеќе леб, компир, чоколадо, кекс, алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе итн. во споредба со нутритивно богата храна. Исто така во недостаток на време често се консумира храна во ресторани или брза храна. Затоа треба да се истакне дека дома приготвена храна е далеку поквалитетна и нутритивно побогата“, објаснува Шалевска.

Вели дека подобрувањето на животниот стил има извонреден потенцијал за намалување на преваленцата на зголемена телесна тежина и дебелината, намалување на болестите, предвремена смрт и воопшто подобрување на јавното здравје.

„Ова може да се постигне со едукација уште од најрана возраст, во која би се вклучиле стручни лица. Тргнувајќи од фактот дека една третина од децата на возраст од 6-7 годишна возраст во Македонија се со зголемена телесна тежина. Еден од приоритетите треба да ни претставува најмладата популација каде сè повеќе има појава на дебелина, која пак е тесно поврзана со појавата на болести во рана возраст. Препорачувам да се избегнува  храна богата со заситени масти и трансмасни киселини, додадени шеќери и рафинирани жита. Да се консумира здрава, разновидна и што помалку обработена храна. Да се зголеми внесот на овошје и зеленчук и тоа најдобро би било секогаш да се консумира сезонско, храна богата со растителни влакна (грав, грашок, боранија, леќа итн.), јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници), интегрални житарици богати со растителни влакна, витамини, минерали (интегрален леб, интегрален ориз и тестенини). Риба богата со омега 3 масни киселини се препорачува 2 пати неделно, млеко и млечни производи со мал процент на масти, јајца, месо во ограничени количини“, додава Шалевска.

Но, не треба да се занемари и количината на кафе која ја внесуваме, иако има и нации кои пијат многу повеќе кафе од македонските граѓани. Според податоци од Интернационалната организација за кафе кои беа објавени пред неколку години, Финците се наоѓаат на врвот на листата во Европа со 12 килограми по лице годишно.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/azerbaijan_stock

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска