НАЈНИСКАТА ПЛАТА ВО БУТИК 1.500 ЕВРА, ЗАРА ГИ ЗГОЛЕМУВА: Договорен е и бонус од 1.000 евра
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2023
Компанијата Индитекс,
која меѓу другото е сопственик на синџирот продавници за облека Зара, постигна
договор за зголемување на платите во шпанските продавници во просек за 20
отсто, објавија синоќа двата најголеми шпански синдикати.
Зголемувањето на платите достигнува и до 40 отсто во областите на Шпанија каде платите беа најниски, се вели во соопштението на синдикатот УГТ.
Зголемувањето значи дека минималната месечна плата во Inditex во Шпанија ќе биде 1.500 евра за продавачите и минимум 2.041 евро за работниците во продавниците со повисоки одговорности, се вели во посебна изјава на синдикатот CCOO.
Синдикатите, исто така, соопштија дека Inditex се согласил да го усогласи растот на платите со инфлацијата во следните три години, со силниот раст со кој се соочува и Шпанија. Индитекс не одговори веднаш прашањата на Ројтерс.
Тие се договорија и за бонус од 1.000 евра
Откако работниците во продавниците во градот Ла Коруња, каде што е седиштето на Inditex, добија зголемување на платите за 25 отсто во декември, синдикатите CCOO и UGT, кои претставуваат повеќе од половина од работната сила во продавниците на Zara во Шпанија, преговараа со Inditex за зголемување на платите и придобивка за трговците кои работат за компанијата низ цела Шпанија.
Во ноември, Inditex се договори со UGT и CCOO да исплати еднократен бонус од 1.000 евра во февруари на сите продавачи со полно работно време вработени низ Шпанија, и сега се согласи да го плати истиот бонус следната година.
Inditex вработува околу 165 илјади работници во 177 земји, од кои околу една третина во Шпанија. Околу 86 отсто од работниците работат во 6.477 продавници, а повеќето од нив се жени.
Меѓу другите брендови, Inditex ги поседува Massimo Dutti, Pull & Bear и Bershka.
ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.