НАЈНИСКАТА ПЛАТА ВО ЗЕМЈАВА Е 17.790 ДЕНАРИ И НЕА ЈА ЗЕМААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗАШТИТНИТЕ И ИСТРАЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ - еве кои се топ петте со најлоши примања
Објавено во: Финансии 22 Мај, 2022
Најниската плата во земјава изнесува 17.790 денари и ја земаат вработените во заштитните и истражните дејности.
Ова го покажува последното соопштение на Државниот завод за статистика за висината на платите за март годинава.
После нив по лоша плата се вработените што работат на одржување станбени згради, односно во услугите поврзани со одржување на згради, чија плата е 19.810 денари.
На третото место на неславната листа се вработените во дејноста производство на кожа, со плата од 20.537 денари.
Четврти на лошиот список се вработените во дејностите за подготовка на оброци и служење на храна, со плата од 21.421 денар.
Додека, пак, петти одозгора надолу по лошата плата се вработените кои произведуваат облека, и тоа земаат 21.562 денари.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.