НАЈНОВА АНКЕТА НА CNN – КАМАЛА ХАРИС ВЕЌЕ НЕМА ПРЕДНОСТ ПРЕД ТРАМП: Пенсилванија е клучната држава
Објавено во: Свет 25 Октомври, 2024
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп и неговата демократска ривалка, американската потпретседателка Камала Харис, се изедначени со 47 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи, покажува најновата анкета на Си-Ен-Ен спроведена денеска во САД.
Анкетата, спроведена телефонски од 20 до 23 октомври меѓу 1.704 регистрирани гласачи, има маргина на грешка од 3,1 процентен поен меѓу веројатните гласачи и плус или минус 3,2 процентни поени кај целосниот примерок на регистрирани гласачи, објави Ројтерс.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември, а официјалните резултати од изборното гласање ќе бидат објавени на 6 јануари 2025 година. Ова се 60-ти претседателски избори по ред, а ќе се одржат заедно со изборите за сите места во Претставничкиот дом и 33 места или околу една третина од Сенатот.
Ако Трамп ги освои Пенсилванија, Аризона, Северна Каролина и Џорџија, тој би победил на изборите. Всушност, доволно е Трамп да освои само една држава од т.н. „син ѕид“ за да победи и затоа е потребно да се внимава како дишат гласачите во Пенсилванија, Висконсин и Мичиген.
Од друга страна, Харис може да влезе во Белата куќа доколку ги освои Пенсилванија, Висконсин, Мичиген и Омаха. Но, сегашната потпретседателла има други опции. На пример, ако ги загуби Висконсин или Мичиген, може да ги замени со Северна Каролина, Џорџија или Аризона. Многу потешко е ако ја загуби Пенсилванија бидејќи тогаш ќе треба да надополни дури 19 електорски гласови.
Newsweek: Трамп има мало водство пред Харис во Пенсилванија
Републиканскиот претседателски кандидат во САД Доналд Трамп моментално има мала предност пред кандидатката на Демократската партија Камала Харис во Пенсилванија, каде што последните анкети покажаа дека разликата меѓу кандидатите е минимална, објави „Њузвик“.
Според податоците на порталот „FiveThirtyEight“, Трамп има поддршка од 47,9 отсто, додека Харис има 47,6 отсто, што му дава предност на Трамп од 0,3 отсто. Иако е завршена регистрацијата на гласачите, граѓаните имаат рок до 29 октомври да побараат ливчиња за гласање по пошта, а досега се побарани над 1,8 милиони гласачки ливчиња.
Во Пенсилванија, повеќе од девет милиони луѓе се регистрирани да гласаат на изборите на 5 ноември, само 2.000 помалку отколку на изборите во 2020 година. Предноста на Трамп доаѓа откако неколку неодамнешни анкети покажаа дека тој води или е изедначен. Истражувањето на компанијата за маркетинг и истражување „АтласИнтел“, спроведено во периодот од 12 до 17 октомври, покажува дека Трамп има предност од три процентни поени.
Пенсилванија и Џорџија се меѓу седумте држави кои ќе одлучат кој ќе победи на претседателските избори, пренесува Ројтерс. Пенсилванија со 19 електорски гласови се смета за клуч на победата.
Без Пенсилванија, шансите за победа на Харис се значително намалени, според Newsweek.
Прогнозите сугерираат дека Трамп би можел да ја освои државата, што ќе му даде значителна предност во вкупниот број електорски гласови.
Овие претседателски избори се први што ќе се одржат според пописот од 2020 година, што значи дека бројот на претставници во Претставничкиот дом е прераспределен помеѓу поединечни сојузни држави, што влијае и на бројот на гласачи на Изборниот колеџ од тие држави.
На овие избори има вкупно 538 членови на Изборниот колегиум. Во САД претседателот не се избира директно од граѓаните, туку од Изборниот колеџ, чии членови се одредуваат пред изборите.
фото: EPA-EFE/JUSTIN MERRIMAN* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.