Најскапите амбулантни возила ги имаат детската и битолската клиника
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2019 09:43
Во Македонија има 183 амбулантни возила за 47 здравствени институции со просечна старост од 11 години, но повеќе од половина, односно 53 отсто се добиени како донација, објави Центарот за граѓански комунукации (ЦГК), според барања на унформации од јавен карактер упатени до 90 здравствени институции. Двете најстари возила се од 1988 година, а најупотребуваното има поминато дури 1 милион и 360.000 километри.
Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Следат Велес и Куманово каде што има по 8 амбулантни возила. На секое 15-то патничко возило во сопственост на министерствата и општините доаѓа по едно амбулантно возило.
13 отсто од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година. Просечна вредност на едно возило изнесува 38.900 евра. Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје, додека третото од 103.360 евра е на Клиничката болница Битола.
Сите 90 здравствени институции, 43 одговориле дека не располагаат со амбулантни возила. Во базата се вклучени и 12-те амбулантни возила набавени од Министерството за здравство, а распределени на користење за потребите на здравствените институции од целата земја.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




