Најскапите војни во историјата на САД
Објавено во: Свет 25 Мај, 2015 12:40
Човечките жртви отсекогаш биле скапи, но војните чинат цели богатства, како и крв, пишува „Хафингтон пост“. Изданието објавува податоци за десетте најскапи воени конфликти, во кои учествувале САД.
Ако војната со Мексико во 1840 година чинела 2,4 милијарди долари, тогаш тоа како однос кон бруто домашниот производ од 1847 година изнесува само 1,4%. Втората светска војна е најскапото учество на Вашингтон во воен конфликт - 4,1 трилиони долари или 36% од БДП на 1945 година.
До Втората светска војна речиси целиот воен буџет на земјата е потрошен за учество во воениот конфликт. Пример САД трошат 1,1% од БДП на 1899 година за шпанско-американската војна и 1,5% како трошоци за одбрана.
Трендот се менува фундаментално со почетокот на Студената војна. Постојана закана од воен конфликт доведува до тоа САД да се подготвени за војна во секое време, како трката во вселената и нуклеарното вооружување ќе се претвораат во приоритети како за САД, така и за Советскиот Сојуз. Како резултат воените трошоци и трошоците за одбрана почнуваат да се разминуваат. На пример, за време на Корејската војна воените трошоци се 4,2% од БДП во 1952 година, додека целосните трошоци за одбрана изнесуваат над 13% од БДП истата година.
За одредување на вредноста на војните се користи извештајот од 2010 година на служба на Конгресот „Трошоци на САД за основните војни“.
Трошоците во Втората светска војна по излегувањето од изолационистичката школка, Вашингтон потрошиле 4,1 трилиони долари за конфликтот во кој загинаа 400 000 американски војници. Американското учество во конфликтот започнува на 8 декември 1941 година, денот по јапонското бомбардирање на Перл Харбор. Три дена подоцна Америка официјално им објави војна на Германија и Италија.
На второ место е војната против тероризмот, како општо се нарекуваат активностите на Пентагон во Ирак и Авганистан. Во 2010 година тие го чинеле буџетот на САД 1,6 трилиони долари.
На трето место е Виетнамската војна. Во неа САД потрошиле 738 милијарди долари или 2,3% од БДП на земјата од 1968 година. По крајот на конфликтот имињата на 58 000 загинати се вклучени во споменикот на ветераните од Виетнам во Вашингтон.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




