19 Декември, 2025
0.0796

Најстариот и најголем издавач на бугарски пасоши во Македонија тврди дека се е чисто во аферата

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2018 08:16

Добивај вести на Viber

Фото: Татковина инфо

Првиот човек на најстариот издавач на бугарски пасоши за македонски државјани, Лазар Младенов од Бугарскиот културен клуб, за „Пресинг“ вели дека неговата институција нема никаква поврзаност со аферата за издавање на овие документи што изби во Бугарија со Државната агенција за Бугарите во странство, апсењата на раководството и компромитацијата на бугарското ВМРО.

Тврди дека не е вклучен во издавањето на уверенија на македонски државјани кои имаат бугарско потекло доколку не ги исполнуваат условите.

- Издавањето на документи кај нас е апсолутно законско и легално. Кај мене се имаат јавувано Албанци, и муслимани и православни кои имаат исти имиња и презимиња како нашите, но немаат шанси да добијат бидејќи по статистиката на раѓање на нивните претци пред 1918 јасно се опишани селата како албански православни села. Не можат да добијат документи лица чии претци се родени во чисто влашки села или пак имаат српско потекло – вели Младенов за Пресинг ТВ.

Бугарскиот културен клуб е првата оргхнизација која издава документи за потекло од државната агенција за „Бугарите во странство“.

- Ниту јас лично ниту бугарскиот културен клуб сме на било кој начин инволвиран во скандалот што се случи во Софија. Апсолутно по никаква линија не сум инволвиран во тоа.Бугарскиот културен клуб нема ниту агенции за преводи ниту пак има под контрола посредници кои би вршеле матни работи – објаснува Младенов за Пресинг Тв

Тој нагласува дека Бугаркиот клуб издава документи за потекло на лица кои сакаат да аплицираат за бугарско граѓанство, но тоа е според Законот за Бугарите што живеат надвор од Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот