23 Ноември, 2024
0.0267

Најудобните душеци за спиење во своето јадро ја имаат специјалната јаглеродна жица произведена во „Брако“од Велес

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Популарните бокс - спринг кревети во својата основа имаат жичани јадра кои се произведуваат од специјална жица, која во државава единствено се произведува во „Брако“ од Велес. Се изработува како ладно влечена жица од висококвалитетна суровина со висока и средна содржина на јаглерод. Во процесот на извлекување, жицата е хемиски третирана. Хемискиот состав е според стандардот EN16120-2, а механичките особини според стандардот EN10270-1.

„Со најновата инвестиција во современ машински парк за производство на високо и средно јаглеродна жица, планираме месечното производство од 200 тона, да го зголемиме на 600 тона“ - велат одговорните од програмата за жичано производство.

Опружната жица е 95 проценти наменета за извоз, а само 5 проценти за домашен пазар. Се произведува со дијаметар од 1,3 мм до 3 мм и се испорачува во котури од 250 до 500 килограми. 

Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа и производство на клинци, жарена жица, поцинкована жица,  универзално жичано плетиво и бодликава жица.

Од 20-ти јуни до 24-ти јуни 2022 година во Дизелдорф, на меѓународниот саем на жичани производи под слоганот „Join the best“, „Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители во светски рамки, презентирајќи ги своите  производи. Главен предизвик со презентацијата на „Wire Dusseldorf“ е очекувањето за постигнување на целта од 3000 тона месечно производство во наредните четири години.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ