НАЈВИСОКА ЦЕНА ЗА СЕДУМ ГОДИНИ: Златото се тргува за повеќе од 1.700 долари
Објавено во: Економија, Корона Вирус 18 Мај, 2020
Расте цената на златото.
Вакво високо ниво немало седум години.
Јунските цени пораснаа за скоро еден процент и се тргува за 1.773 долари за унца. За време на тргувањата денеска цената порасна речиси до 1.775,8 долари, што е највисоко ниво од септември 2012 година.
Цената на златото расте откако првиот човек на Федералните резерви на САД (ФеД), Џером Пауел, соопшти дека невработеноста во САД во вториот квартал на 2020 година може да се искачи до 25 проценти, а економијата и БДП да се намалат за 20 отсто.
Голем раст на цената е забележан и кај паладиумот паралелно со зголемената побарувачка, поголема од очекувањата.Од другите благородни материјали цената на паладиумот се искачи до 1980,25 долари, а цената на платината скокна за 0,8 проценти и изнесува 804,43 долари.
Среброто поскапи за 3,3 отсто и се продава по цена од 17,17 долари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.