НАЈЗАБЕЛЕЖИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД КАЈ МЛАДИ ОД 20-29 ГОДИНИ: Во последната недела од октомври има и 38 реинфекции
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2021 14:10
Според најновиот
извештај на Институтот за јавно здравје, во последната недела од октомври, од
25 до 31, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=714, 25,5%).
Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=94; 3,4%). Се
забележува зголемување на бројот на заболени скоро кај сите возрасни групи, со
најзабележително зголемување кај возрасната група од 20-29 години, 11,4% повеќе
во однос на претходната недела. Намалување се забележува кај возрасните групи
од 0-9 години (-17,5%) и над 60 години (-1,2%).
Се зголемува и бројот на реинфекции на вирусот, па минатата недела по вторпат се заразиле 38 лица што е повеќе за 5,6 проценти во однос на претходната недела. Најмногу активни слуачи има во Скопје, Велес и Куманово, а во најголем пораст е заболувањето кај популацијата од 20 до 29 години
Минтата недела од компликации предизвикани од вирусот починало 71 лице, што е за 8 помалку од прехдоните седум дена, но се спушта старосната граница на оние кои ја губат битката со болеста. Исто така, во поеридоот од 25 до 31 октомври, регистриран е и еден смртен исход кај пациент кој имал реинфекција со вирусот, со што вкупно има 7 починати од оние кои по вторпат се заразиле.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




