19 Декември, 2025
0.0448

Наќе Чулев ќе биде министер за внатрешни работи уште најмногу една недела

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2020 12:15

Добивај вести на Viber

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, ќе биде на министерската позиција уште најмногу една недела. 

Овој заклучок може да се изведе од законските прописи што важат во земјава за техничкта влада. 

Според член 44 од Законот за измени и дополнувања на Законот за Влада, мандатите на техничкиот министер за внатрешни работи и на оној за труд и социјална политика, траат се до објавувањето на конечните резултати од страна а ДИК.

А според законски определените рокови, за да бидат објавени конечните резултати од страна на ДИК, треба да се почека уште најмногу една недела.

Што стои во законот за техничка Влада.

Заради организирање на избори за пратеници во Собранието, на предлог на претседателот на Владата, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието, избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата, со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори за пратеници во Собранието, по што мандатот им престанува по сила на закон“, се вели во членот 44 од овие законски измени.

А како што е познато, ДИК вчера во 20 часот ги објави неофицијалните конечни резултати. За тие да станат конечни, треба да помнат процедурите со приговорите, како и одлуката на Управниот суд доколку и до него има жалби, по што врз основа на овој суд ДИК ќе мора да ги прогласи резултатите законечни. 

Рокот за поднесување приговори изнесува 48 часа, а потоа откако ќе биде затворен, ДИК во следните 72 часа ќе мора да донесе одлука за жалбите и поплаките.

Денеска до 21 часотќе заврши рокот за поднесување на приговорите за постапката за гласање, а до утре вечер се приговорите за резултатите. Потоа ДИК има 72 часа да одлучи. По оваа одлука на ДИК, партиите имаат право на тужби до Управниот суд. А во Управниот суд веќе ги формираше советите за тужбите од партиите за изборите.

Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

Ако врз основа на одлуките на Управниот суд треба да се направат некои корекции, тогаш нив ДИК ги прифаќа, по што мора да ги објави конечните резултати. 

Или, се на се, како што објаснуваат познавачите, сите овие процедури ќе завршат најдоцна за 7 до 8 дена, и ДИК ги објавува конечните резултати. 

Тоа значи дека тогаш, по сила на закон, ќе му престане мандатот на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот