НАМАЛЕНИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ: На Санторини се регистрирани 21.500 потреси
Објавено во: Балкан 20 Февруари, 2025 16:48
Сеизмолозите регистрирале околу 21.500 потреси во близина на грчкиот остров Санторини во последните три недели, објави Универзитетот во Атина.
Санторини аде што беше воведена вонредна состојба претходно овој месец е во голема неизвесност откако почна серијата земјотреси. Интензитетот на потресите е значително намален во изминатите неколку дена, па научниците се надеваат на постепено намалување на сеизмичката активност.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Блумберг“ денеска се осврна и на ситуацијата на островот, објасни дека во последните денови има намалување на сеизмичката активноста, „што е охрабрувачки“. „Секако, секогаш ги слушаме научниците и треба да бидеме подготвени за сите евентуални можности. Сепак, Грција е безбедна земја и ова е порака што сакам да ја испратам. Никој не може да ја предвиди иднината, но ние сме воздржани оптимисти за она што се случува на Санторини. И ако работите се одвиваат како што треба, се надеваме на тоа, релативно брзо ќе се вратиме во нормална состојба“, изјави Мицотакис. Сепак, сеизмолозите не можат да ја исклучат можноста за голем земјотрес со јачина од шест или повеќе степени според Рихтеровата скала, јави агенцијата ДПА.
Постои веројатност до 300 објекти на работ на кратерот Санторини да се урнат во случај на силен земјотрес.
Кратерот Санторини е формиран од вулканска ерупција пред околу 3.600 години, а на неговите стрмни рабови сега се наоѓаат куќи и хотели.
foto EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!
(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија





