НАМАЛЕНИТЕ КАМАТИ НЕ СЕ ПРЕЧКА ЗА ЗАРАБОТКА – Стопанска Банка АД Скопје со раст на добивката за 7 отсто
Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2025 07:29
Стопанска банка, една од трите најголем банки во земјава од почетокот на година, и покрај намалените камати успеа да ја зголеми добивката споредено со истиот период минатата година за 7 отсто. За период од девет месеци нивната добивка пред оданочување достигнала 4.305.324 илјади денари или 70 милиони евра, покажуваат податоците од извештајот објавен на Македонска берза.
- Согласно стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 963.402 илјади денари, што е за 4 отсто повеќе споредено со минатата година, која покрај исправката за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења – се посочува во Билансот на успех на Стопанска банка.
Поради овие причини, добивката на Банкатана 30.09.2025 година изнесува 3.341.922 илјади денари или над 54 милиони евра.
Од Банката истакнуваат дека наведениот резултат е последица како на органскиот раст на активата така и на успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик.
Нето-приходите од каматиизнесуваат 4.132.751 илјади денари и се намалени за 11 отсто во однос на истиот период од минатата година како резултат на намалените каматни стапки. Притоа најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности и каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност).
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 589.267 илјади денари и се намалени за 9 проценти во однос на истиот период од минатата година, како резултат на зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси и истовремено намалување на провизиите кај одредени сервиси во интерес на клиентите.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 149.514 илјади денари и се зголемени за 28 отсто споредено со истиот период од минатата година како резултат на зголемениот обем на активности.
Останатите приходи од дејноста изнесуваат 1.394.413 илјади денари, главно како резултат на продажба на портфолио на отпишани кредити на население.
Расходите од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 805.319 илјади денари и 962.439 илјади денари и се малку повисоки во однос на истиот период од претходната година.
- Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик се едни од приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на третиот квартал од 2025 година, Банката издвои исправка на вредноста на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 963.402 илјади денари – се посочува во извештајот.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




