27 Јули, 2024
0.0617

НАМЕСТО ДВА СЕГА ЌЕ ИМА ЕДЕН ИНСПЕКТОРАТ - почна реорганизацијата на државните институции

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Почнуваат првите постапки од најавите на Владата за спојување на институции. 

На денешната седница на Владата била усвоена информацијата за реорганизација на Министерството за економија, поточно во инситуциите под него, при што Министерството е задолжено да го спроведе Планот, според роковите утврдени во него.

 - Се спојуваат Државниот пазарен инспекторат со Државниот инспекторат за техничка инспекција и се формира единствена институција од типот на инспекциски надзор, подредена на Министерството за економија –  Државен пазарен и технички инспекторат - се наведува во соопштението на Владата.

Според овој пример, предвидени се спојувања и на: Фондот за иновации и технолошки развој со Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија, потоа на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со Дирекција за технолошко индустриски развојни зони, како и на Агенција за енергетика со Агенција за задолжителни нафтени резерви.
 
- Министерството за економија го спроведува Планот за реорганизација на Министерството, согласно заклучок на Владата од седницата на 8 март 2022 година, кога Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа задолжени да започнат со спроведување на првиот пилот проект на министерскиот систем, согласно препораките од Интегрираниот извештај за државна реорганизација - се додава во соопштението од Влада.

Најави за спојување на одредени државни агенции и институции сподели уште на крајот на минатата година министерот за информатичко општетсво и администрација Адмирим Алити.

- Ќе има агенции што ќе бидат затворени односно трансферирани како сектор во некое друго министерство бидејќи експертите констатираат дека не треба да има агенција со седум члена на управен одбор и директор, односно само администрацијата е важна во таа агенција - рече Алити.

Сепак, тој додаде дека нема да има намалување на вработените, туку само на бројот на директори и на членови на управни одбори.

- Вработените ќе бидат трансферирани. Со реорганизација нема ниту еден вработен да биде отпуштен од работа бидејќи посебно во централната власт ние имаме дефицит на вработени така што можно е да има прераспределба, но вработените ќе останат. Ќе има директори кои денеска се директори, а во 2024 година таа институција ќе нема директор - појасни тогаш министерот.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕС НА РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Лукаревска ја прекина седницата, истата ќе продолжи утре

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА КРИЗА: Колку познати брендови ќе исчезнат за пет години?

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

ЕВЕ КОЈ ДЕЛ Е НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН ВО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО - ОХРИД: И покрај проблемите, ќе биде изграден до 2026 година

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОЈА Е ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌААТ СКОПЈАНИ ЗА ПАРНО? Еве кога ќе се дознае износот

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

КОМПАНИЈАТА ВИНОВНА ЗА ОГРОМНИОТ ПАД НА СИСТЕМОТ, НА РАБОТНИЦИТЕ ИМ ДАЛА ВАУЧЕРИ ОД 10 ДОЛАРИ: И тие не работеле!

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

ГОРДОСТА НА ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА: 30.000 работници останаа без работа - евидентирана загуба од над една милијарда евра

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

НЕМА ЛУЃЕ ЗА МЕНАЏЕРСКИТЕ ПОЗИЦИИ ВО ФАБРИКИТЕ: Производителите се соочуваат со големи проблеми

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

ПРОФЕСОР ТРАЈКОВСКИ: Македонска компанија се подготвува да дебитира во областа на „зелениот“ водород

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри

МИЦКОСКИ ЛИЧНО ГО БИРА РАКОВОДСТВОТО НА ЕСМ И РЕК БИТОЛА: Лично сум фокусиран во изборот на кадри