18 Декември, 2025
0.0585

„НАМЕСТО КОН ЕУ, КОН ТОТАЛИТАРИЗАМ“: Партијата на Стевчо Јакимовски во одбрана на Левица

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2025 16:29

Добивај вести на Viber

Граѓанската опција за Македонија е згрозена од последната одлука на АВМУ да политичката партија Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори, реагираат од партијата.

„Имајќи во предвид дека Левица е значајна парламентарна и опозициона политичка партија, да се исклучи од рекламниот простор во битката за локалните совети и градоначалници е скандалозна, недозволива за земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО. Па нели како напредуваме кон ЕУ и во НАТО треба да ги зголемуваме демократските капацитети на општеството, а ние напротив, создаваме тоталитарен систем својствен за други општества и други времиња. Ја осудуваме ваквата одлука на АВМУ зошто ГРОМ бара фер избори без насилие, без медиумска злоупотреба и со еднаква шанса за сите“, велат од ГРОМ.

Во реакцијата од партијата на Стевчо Јакимовски се наведува и дека целта на државното финансирање е да се овозможи медиумски простор на сите кои учествуваат во изборниот процес.

„Целта на државното финансирање на медиумската кампања на изборите е да се овозможи медиумски простор и на помалите политички партии, на независни кандидати, со цел да се поттикне плурализмот, да се подигне демократскиот капацитет на општеството и граѓаните да имаат поголема понуда и да направат вистински избор. Владејачката партија секојдневно го узурпира медиумскиот простор, милионски суми зема од државата за финансирање на партијата, а сега и милионски суми за рекламирање. Со медиумска окупација и елиминирање на политичките противници на нечесен начин, животниот стандард, бизнис климата, безбедноста на граѓаните, правната држава, животната средина и целокупниот животен амбиент нема да станат подобри, туку напротив, шарените лаги ќе дојдат уште повеќе до израз. ГРОМ сака победа, сака добар резулат на избори, но во фер и чесни услови. Ова е само предвесник на настаните што ќе следат на овие локални избори во бескомпромисната битка на претставниците на власта, за да ја окупираат најблиската власт на граѓаните, а тоа е локалната самоуправа во која тие немаат добри резултати“, стои во соопштението на ГРОМ.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија