НАПАД ВО РУСИЈА: Убиени се три лица
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2024
Полицаец и уште двaјца службеници се убиени во напад во руската област Ингушетија.
Вооружени напаѓачи пукале во автомобил во кој се наоѓал локален безбедносен службеник во руската севернокавкаска област Ингушетија, убивајќи три лица, од кои еден е полицаец, објави новинската агенција ТАСС ноќта кон саботата, повикувајќи се на истражителите.
ТАСС го цитира локалниот огранок на рускиот Истражен комитет дека во петокот доцна вечерта по локално време бил отворен оган врз автомобил доделен на заменик-шефот на Центарот за борба против екстремизмот во републиката Ингушетија.
Вечерта околу 22 часот на 11-ти октомври по локално време, засега неидентификувани лица стрелале во автомобилот на вработен во патролната служба во Магасовскиот круг во Ингушетија, при што се убиени три лица. Меѓу загинатите има и службени во патролната сообраќајна полиција и негов роднина службеник на поштенската служба. Извор на весникот Известија рекол дека целта на нападот бил веројатно соработник на Центарот за контраекстремизам (ЦПЕ). Локалните иследници соопштија дека е отворена кривична истрага за инцидентот и дека се трага по оние кои стојат зад нападот.
Во извештајот на ТАСС се наведува дека напаѓачите побегнале од местото на злосторството и се упатиле кон соседниот регион Северна Осетија. Ингушетија е во непосредна близина на Чеченија, во средиштето на често нестабилниот регион на Северен Кавказ.
Во Русија годинава имаше повеќе терористички напади. Исламисти двапати земаа заложници во затвор.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.