ОГРАБЕНИ ТРОЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: нападите се случиле во период од три часа

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2024 18:53
Тројца малолетници се ограбени во текот на ноќта во главниот град.
Како што покажуваат податоците кои ги објавува Министерството за внатрешни работи, од нивниот преглед на пријавени криминални дела во текот на едно деноноќие, во текот на саботата вечерта (10.02) биле нападнати тројца малолетници, од исто така малолетни лица, при што нападнатите биле и ограбени.
Два од трите случаи се одивале во градскиот парк на Скопје, додека третиот во централното градско подрачје.
- Вчера во 22.15 часот во СВР Скопје, М.Ш.(46) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, неколку малолетни лица со закана со остар предмет од неговиот син одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во билетнот на МВР.
Во споменатиот извештај исто така е посочено дека во СВР Скопје било пријавено дека вчера во 23.40 часот, од страна на Б.П.(50) од Скопје, оти во Градскиот парк во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од страна на неколку малолетни лица, при што му биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Третиот случај кој е пријавен во полиција се случил во центрот на градот, при што исто така бил нападнат малолетник, од страна на исто така малолетни лица.
- Вчера во 21.00 часот, во СВР Скопје, А.Р.(50) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетни лица и му биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - се наведува во билтенот.
Можеби ќе ве интересира
МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот

„ДИСКО - ШТАЛАТА БИЛА ОСТАВЕНА БЕЗ КОНТРОЛА“: Апасиев со детали за интерпелацијата на Тошковски

ДВЕ ЛИЦА ОД ГОСТИВАР И ЕДЕН ЖИТЕЛ НА БИТОЛА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ - тројца малолетници се повредени, еве ги деталите од вчерашната несреќа

БРОЈОТ НА ЖРТВИ Е КАТАСТРОФАЛЕН ВО СПОРЕДБА СО ЕВРОПА: министерот Тошковски по вчерашната сообраќајка
АВИОН ПАДНА ВО РЕКА, ИМА МРТВИ: Хорор во Америка (ВИДЕО)

„ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЌЕ ГИ ПРОСЛАВАТ СО ПОСНА ТРПЕЗА“: се огласи лидерот на СОНК со посебно барање

ПОПЛАДНЕВО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ - поради одбележувањето на Велигден посебен режим во ценатарот на Скопје
