НАПРАВЕНА Е КОНТРОЛА ВО СТРУМИЦА: Oсум лица се движеле во шума, а немале дозвола
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2025 12:15
Осум лица во струмичко се казнети поради непочитување на забраната за движење во шумите.
На 12 јули годинава, полициски службеници од СВР Струмица во шумски предели на подрачје на Струмица направиле контрола да видат дали се почитува донесената одлука за целосна забрана за движење во шуми, која стапи на сила на 1 јули 2025 година, а ќе трае до 31 август 2025 година.
При контролата се откриени осум лица кои се движеле во шумски предели, а притоа не поседувале одобрение за движење во шуми, издадено од ЈП „Национални шуми“, соопшти полицијата.
За преземените мерки од страна на СВР Струмица е известена Шумската полиција Струмица, која е надлежна за понатамошно поведување на постапка против лицата, согласно член 57 став 3 од Законот за шуми. Месецов секојдневно има пожари во Македонија.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




