Направете го секој миг незаборавен!
Објавено во: Македонија 29 Март, 2022 12:56
Конечно пролет! Она време од годината кога животот едноставно станува совршен. Оваа пролет, нашиот најпрепознатлив бренд за сокови ВИВА, преку кампањата „Направи го секој миг незаборавен!“, нè потсетува колку се значајни оние мали секојдневни задовоства во кои се крие суштината на животот. Токму преку видеото кое е дел од платформата „Вива. Голтка среќа.“, стигнува пораката дека голтка љубов и голтка среќа е сè што ни е потребно за совршен ден.

Како би го опишале вашето совршено утро? Чаша сок од капина зачинет со прегратка и милион бакнежи од саканиот? Утринско вежбање и мултивитамински сок кој ви ја дава потребната енергија? Сок од портокал за најмалите и бескрајна љубов секое утро додека ги подготвувате за училиште? Брзиот начин на живот, секојдневните обврски и надворешните случувања понекогаш прават да заборавиме на слатките нешта во кои се крие формулата на среќата. Токму затоа, ВИВА сокови се тука да нè потсетат на малите задоволства кои ни ги носи животот.
Како неизоставен дел од нашето секојдневие, ВИВА производите ни ја пренесуваат среќата, енергијата, уживањето и задоволството од секоја голтка ВИВА сок!

Животот е убав! Главната мотивација за оваа кампања е наместо да чекаме на совршените моменти, да уживаме во моментот сега и овде. Сега е совршениот момент да направиме промена! Ајде заедно да се смееме, да танцуваме, да се радуваме, да љубиме. Ајде да наздравиме за животот и да го направиме секој миг незаборавен!
„Компанијата ВИВАКС со години наназад работи на формулата – голтка здравје, голтка среќа, голтка љубов, создавајќи производи со врвен квалитет. Токму затоа со богатиот избор на сокови успева да допре до секоја генерација. Секоја голтка ВИВА нè носи на патување во светот на среќата, нè потсетува на безгрижноста на детството, на првиот момент со најмалечките, на енергијата која ја носи младоста. Секоја голтка ВИВА е исполнета со единственост и различност. Секоја голтка ВИВА е голтка среќа,“ велат од ВИВА семејството.

ВИВА како водечки бренд во нашата држава, во катергоријата негазирани овошни сокови, може да се пофали со широко портфолио на производи кои ги следат најновите трендови за здрава исхрана, а воедно се прилагодени за брзото секојдневие и начин на живот. Природни и богати со витамини, ВИВА се неизоставен дел од нашите животи. Неделен семеен ручек? Пикник со саканите? Авантура со друштвото? Вкусување на првото сокче на најмалите? ВИВА е секогаш тука за сите! Производите на ВИВА нудејќи го најдоброто, го прават секој момент од животот поубав!

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




