15 Мај, 2024
0.0275

НАРИШКИН: Одлуката на Хрушчов за Крим е трагична грешка

Објавено во: Свет 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

За Русија, Крим е дел од неа и тоа е затворено прашање. Директорот на руската Служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, денеска изјави дека одлуката на поранешниот советски лидер Никита Хрушчов во 1954 година за предавање на Крим на Украина е „непростлива и трагична“ грешка.

Нарушкин, кој е и претседател на Руското историско друштво, на одбележувањето на десетгодишнината од присоединувањето на Крим кон Русија, изјави дека тоа бил „неуставен и волунтаристички чекор“ на Хрушчов.

„Размислувајќи за историјата на Крим и Севастопол, не можеме, а да не почувствуваме длабоко разочарување од непростливата, трагична грешка направена од Никита Сергеевич Хрушчов во едно време. Меѓутоа, тогаш веќе беше јасно дека овој неуставен, волунтаристички чекор директно противречи на аспирациите на жителите на полуостровот“, посочи Наришкин.

Статус на полуостровот Крим денес е спорен, бидејќи и Русија и Украина тврдат дека е дел од нивната теритрорија. До 11 март 2014 година Крим беше дел од Украина, кога пратениците во Парламентот на Автономна Република Крим изгласа Декларацијата за независност на Крим од од Украина, во што учествуваат и претставниците на Севастопол, додека на референдумот кој е одржан на 16 март 2014 година, жителите на Крим изгласаа присоединување на Крим кон Русија. Украина не ги признала резултатите од овој референдум. На 17 март Врховниот совет на Крим ја усвоил резолуцијата за независност од Украина и се обратил до Русија за прием на Република Крим во составот на Руската Федерација. На денешен ден пред десет години Република Крим влегува во составот на Руската федерација врз основа на договорот кој го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и лидерите од Крим. Истиот ден и Севастопол дел од Руската федерација како град со федерален статус. Инаку, Украина ветуваше дека ќе ги врати сите окупирани територии вклучително и Крим. Руската инвазија на Украина почна на 22 февруари 2022 година. 

фото МИА архива

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“