НАРИШКИН: Русија е блиску до постигнување на своите цели во Украина
Објавено во: Свет 10 Декември, 2024
Русија тврди дека е блиску до постигнување на целите во војната во Украина.
Шефот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин денеска изјави дека Русија е блиску до постигнување на своите цели во Украина, а Москва, како што додаде, ја има стратешката иницијатива во сите области на војната. Според него, ситуацијата на фронтот не му оди во корист на Киев. Тврди дека украинските сили се на работ на колапс. Наришкин додаде дека за Русија, украинскиот претседател Володимир Зеленски го изгубил својот легитимитет и „способност да преговара“.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
foto EPA