26 Јуни, 2024
0.0609

Народната банка прогнозира раст од 3,7% годинава

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Годинава и догодина македонската економија ќе расте со забрзано темпо, остварувајќи раст на БДП од 3,7% во 2014-та и 4,4% во 2015-та година, прогнозира Советот на НБРМ, кој денеска ја одржа првата седница за годинава. „Досегашните остварувања во реалната економија и најновите расположливи податоци упатуваат на натамошен солиден економски раст, на годишно ниво“, стои во соопштението на НБРМ. Во текот на последниот квартал од изминатата година монетарните услови беа непроменети, така што максималната каматна стапка на аукциите на благајнички записи се’ уште е на нивото од 3,25 отсто, соопштуваат од централната банка. „Инфлациските притисоци и натаму се намалуваат, а во последните месеци и со малку поголем интензитет од очекуваниот. Освен кај вкупната инфлација, забавување беше забележано и кај базичната инфлација, што беше во согласност со проектираните движења. Растот на потрошувачките цени во четвртиот квартал се сведе на нивото од 1,3 отсто, на годишна основа. Со тоа, просечната годишна инфлација за 2013 година изнесува 2,8 отсто и во целост се совпаѓа со проекциите“, заклучил Советот на НБРМ. Народната банка регистрира и значително зголемена кредитна активност во четвртиот квартал од 2013-та, како и промена во структурата на кредитирањето, во полза на кредитите насочени кон корпоративниот сектор. „Овие поволни остварувања претставуваат индикација за можно стабилизирање на согледувањата на банките за ризиците од пласманите во овој сектор, што делумно може да произлегува и од досегашното монетарно олабавување“, се наведува во соопштението на највисоката монетарна институција во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Поранешен ПУИК продава станови во Центар, ги има и за 60-тина илјади евра

Поранешен ПУИК продава станови во Центар, ги има и за 60-тина илјади евра

Ангелка Пеева Лауренчиќ во „Бизнис Муабети“: ПР-от врти повеќе пари отколку класичниот маркетинг

Ангелка Пеева Лауренчиќ во „Бизнис Муабети“: ПР-от врти повеќе пари отколку класичниот маркетинг

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра