29 Март, 2024
0.0275

„Народните херои“ под санкции

Објавено во: Македонија, Колумни 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

„Народните херои„ под санкции

Како што тргнале, на Македоија не и‘ треба нова влада, и со техничката функционира турбо. Клинички ќе градат (како е спроведена тендерската постапка, не е битно), го завршиле реновирањето на еден блок од студентскиот дом „Гоце Делчев“ (колку пари потрошиле, не е битно), јавниот долг го намалиле (како, не е битно). Ова се само дел од „успесите“ и тоа на техничката, замислете што ќе беше ако останеше старата , прва постава. Нормално, теркот е ист, шемата е разработена, но проблемот е што истата веќе им е и разобличена. 

Вајгел само натакна дека Груевски не сакал мирен трансвер. А, кој пак веруваше дека сака! Зарем има толку „будала“ осомничен, кој ќе дозволи да се создадат услови, обвинетиот да се соочи со лицето на правдата. Лидерот е бистро момче кое точно знае што ќе се случи со него и неговата дружина, доколку дојде до промена на власта. И затоа мене воопшто не ме чуди зошто Груевски ги употребува сите дозволени и недозволени средства со цел да избегне несакан за него развој на настаните. Мене не ми е јасен оној јаден народ кој го убедуваат, го поткупуваат, го манипулираат, го принудуваат, го уценуваат да излезе и да во името на одбраната на унитарноста  го штити криминалот на актуелната власт. Зарем сметаат дека нема поголема опасност за унидарноста на една држава да биде водена од криминалци или пак сметаат дека криминалците кои десет години вадееја во коалиција со „клетите шиптари“ сега ќе ја спасуваат државата. Нормално, ниту верувам во клети шиптари ниту во тезата дека криминалците можат да ни ја спасат државата. Разликите се прават меѓу чесно и нечесно раководство и достоинствен и недостоинствен народ. Јас стравувам од нечесно раководство и недостоинствен народ.

Да беше „лидерот“ лидер, немаше да допушти работите да дојдат до ова дереџе. Немаше да „оди до крај“ и да ги заглавува и луѓето кои, од само за нив познати причини, долго му веруваа, па станаа дури и слепи за правото и правдата, за штетите од нивната беспоговорна услужност кон лидерот. А чист кукавичлук е, со лаги за растурање на државата, да се мобилизира народ да протестира за да ја зачува унитарноста. Не му е доволно што со начинот на владеење земјата ја доведоа не само до  питачки стап, туку и, со претерано и нерационално потрошени долгови, и‘ја ограничија и иднината. Затоа чиста глупост е аргументот за спојување на локалните со нови парламентарни избори, божем, за да се заштеди. Трошоците се беззначајни само во однос на изгубеното време откога можеше да се формира нова реформска влада. А ќе се мултиплицираат со секој поминат ден без нова влада, која треба да создаде услови во кои ќе се расчисти со културата на неодговорност и неказнивост на власта, што генерираше криминал вгнезден во врвовите на власта. А со арамилук во „куќата“ нема ни здраво семејство, уште помалку унитарна држава. Само прашање на време е кога ќе се самораспадне.

Но, тука сме, при крај. Играта привршува. Минатата недела Хан, Иванов, Груевски, Заев и Ахмети ги фрлија последните карти. Блеферите веќе се детектирани и кон нив се најавуваат  и санкции. Ако пред една година најавата беше дека санкциите ќе се однесуваат на државата  и ускратување на привилегиите од кои во добра мера последиците ќе ги почуствуваа директно граѓаните, сега се целно насочени кон поединци. Ќе се санкционираат директните виновници во развојот на настаните. Малку ми е жал, што баш кога Хорхе ги живее своите пет минути на „народен херој“, ќе мора да се соочи со реалноста.

Едно е блокирањето на сметките и ставањето на црната листа на сериозните држави со цел да биде забранет нивен пристап. Намерата на санкциите е најдиректно да го погодат првиот меѓу нееднаквите и најблиските до првиот. Многу понепријатно е обезбедувањето на услови осомничените да се соочат со правдата. Тука е стравот. Тоа ќе значи и крај на една арамиска политика, која во добар дел беше водена и во името на народот, патриотизмот, заштитата од „непријателите“. Тогаш целта ќе биде разобличена, а манипулираните ќе разберат колку биле употребени, злоупотребени и предадени од „патриотите“.  Уверен сум дека на крајот на денот прикаската ќе резултира со сплотување на чесните против нечесните, а на правдата и на конфискацијата на украденото ќе се радуваат сите без оглед дали биле „шарени“ или „црвено жолти“.

Интерес земјата да биде просперитетна имаат сите нормални граѓани. Оние со „извалкани раце“ ниту имаат вера, ниту националност, а најмалку се секираат за државата. Тоа што треба да се има во предвид е што дел од нив стануваат свесни дека ортомата е врзана и полека се затега, така што ,  и тие очекуваат дека во скоро „бродот“ ќе почне да се тетерави, а тогаш од него први ќе се обидат да избегаат „глувците“, но не оние обичните, туку стаорците.

д-р Крсте Шајноски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење