01 Ноември, 2024
0.0361

НАСА објави фотографија од Охридското и Преспанското Езеро

Објавено во: Македонија 18 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

НАСА објави исклучителна фотографија од Охридското и Преспанското Езеро во нивната природна боја. 

Се наведува дека најголем дел од водата во Охридското Езеро доаѓа од подводни извори, но околу 20 проценти од неа се спушта од повисоката надморска височина во Преспанското преку подземните карстни канали.

Во текстот објавен на сајтот на Земјината опсерваторија насловен како „Пар антички езера“ се вели дека сликата е направена на 19 август 2022 година.

„Охридското и Преспанското Езеро, две од најстарите езера во Европа, се наоѓаат во планинска област долж границите на Северна Македонија, Албанија и Грција. Езерата опстојуваат најмалку еден милион години, а можеби и подолго. Охридското е поголемото и подлабоко од двете, со средна длабочина од 155 метри (509 стапки), додека Преспанското има средна длабочина од 14 метри (45 стапки). Својата долговечност езерата ја должат на одржливата тектонска активност што предизвикува земјиштето под нив да потоне, создавајќи грабени или ниски долини опкружени со раседи. Ова тековно тонење на долините го спречува создавањето на седименти и растителниот свет и претворање на езерата во мочуришта со текот на времето, како што се случува со повеќето езера по неколку илјади години“, се вели во тектот.

НАСА потсетува дека повеќето од милионите езера во светот се стари помалку од 18 000 години и настанале кога глечерите се стопиле на крајот од последното ледено доба. Геолозите класифицираат само 30 езера, вклучувајќи ги Охридското и Преспанското, како „антички“ – дефинирани од некои истражувачи како опстојување на повеќе од еден циклус на ледено доба (најмалку 130 000 години). Геолозите мислат дека околу 20 езера на Земјата, главно пронајдени во грабени, опстојуваат повеќе од еден милион години.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни

МИЦКОСКИ: Истрагата за случајот Крмзов пред крај, а резултатите се повеќе од шокантни

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

ДОБИЛЕ ДВЕ АНОНИМНИ ПРИЈАВИ: ОЈО отвора предмет за директорот на АНБ, Бојан Христовски

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

Партијата на Македонците од Албанија бара во Пустец да се постави биста на Борис Малески

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ГИ СЛЕДАТ ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОСКИ: Му забележуваат дека инсистира на употреба на терминот Македонија

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

ПРИТВОР ЗА ЖИТЕЛ НА БОГДАНЦИ: во повеќе наврати се соблекувал и самозадоволувал пред деца во основно училиште

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

САКАЛЕ ДА ВЛЕЗАТ НА ЗАБАВА ЗА „ХАЛОУИН“, НАМЕСТО ТОА ИЗЕЛЕ ЌОТЕК: Инцидент пред дискотека во Скопје, момче заврши со дупната глава, а неговата девојка со расцепена уста

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

„ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ Е КЛУЧНО“: Муртезани вели овој проблем не следи со години

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО РЕТКА КРВНА ГРУПА ДОБИЈА БУБРЕЗИ: Имаат втора шанса за живот без дијализа

Битолчанец загина во сообраќајна незгода

Битолчанец загина во сообраќајна незгода